Вести

РБСМ формулари за бескаматниот кредит за „ЕЕ криза“

>>„Јавен повик“

>>„Кредит ЕЕ криза“

Задолжителни документи за бескаматната кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза:

1. Кредитно барање (образец објавен на веб страницата на банката),
2. Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
3. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
4. Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
5. Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
6. ЗП образец (образец за заверен потпис),
7. Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата – Уверение од УЈП (не постара од 31.12.2021 година),
8. Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
9. Тековна состојба за вистински сопственик не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
10. Годишна завршна сметка (со 31.12.2021 г.) (од Централен регистар на РСМ),
11. Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка - Потврда за стечај и Потврда за ликвидација (од Централен регистар на РСМ) не постара од 6 месеци.