Производи

Најчесто поставувани прашања

>>Кредит КОВИД-3

 

1. Како да знам дали РБСМ го примила моето кредитно барање?
- Доколку добиете автоматска повратна порака од банката, значи дека вашиот е-маил е примен во Развојна банка. Содржината на пораката која треба да ја добиете веднаш штом ги испратите вашите документи на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. гласи:
„Ова е автоматска порака од РБСМ со која Ви потврдуваме дека ја примивме Вашата порака.
Доколку Вашето барање е некомплетно, ќе Ве контактираме во процесот на формална обработка“,
значи дека вашиот мејл е пристигнат во банката.

 
2. Како да го проверам статусот на моето барање?
- Барањата за кредит кои ќе пристигнат ќе се обработуваат по завршување на Јавниот повик, по хронолошки редослед како што се пристигнати по принципот ,,прв дојден, прв услужен”.
Доколку ви е одобрено кредитното барање, ќе бидете исконтактирани на мејлот од вашата Тековна состојба, или пак телефонски од страна на службите во банката.
Доколку ви е одбиено кредитното барање поради неисполнување на некој од критериумите, за истото ќе бидете известени на мејлот од вашата Тековна состојба и ќе биде наведена причината, односно критериумот кој не го исполнувате. На ова известување, може да испратите приговор или да побарате дополнително образложение и истото ќе ви биде обезбедено од службите.
Доколку средствата се исцрпат пред вашето барање да биде разгледано, за истото нема да бидете известени на мејл, туку банката ќе извести во кој момент се исцрпени средствата.

 

3. Сите документи ми се обезбедени освен Уверението за платени даноци и придонеси од УЈП иако истото беше навремено и уредно поднесено. Дали има начин истото да се достави до вас со цел комплетирање на целосната документација?
- Доколку навреме имате поднесено барање во УЈП, заедно со Кредитното барање во документацијата доставете го и барањето поднесено до УЈП. Дополнувањето со Потврдата од УЈП може да се направи во моментот кога кредитниот референт ќе ја спроведува формалната проверка на вашето барање.