Производи

Упатство за изготвување и поднесување на Кредитно барање за Ковид3 кредитната линија

>>Кредит КОВИД-3

 

 

Кредитното барање заедно со комплетната документација се доставува исклучиво по електронски пат, на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Кредитното барање:
- е задолжителен документ, и доставената друга документација нема да биде разгледана додека не се достави Кредитното барање.
- мора да биде целосно пополнето. Доколку сите полиња не се пополнети, кредитното барање ќе се смета како нецелосно и истото ќе се обработи откако целосно ќе биде пополнето од страна на барателот на кредитот.

Кредитното барање и пропратните документи чии обрасци се пропишани од банката, се препорачува да бидат пополнети:
- електронски, на компјутер, или доколку тоа не е возможно, да бидат пополнети читко со печатни букви. 
Кредитното барање 
може да биде потпишано рачно или со дигитален сертификат. 

Кредитобарателот може да поднесе само едно кредитно барање.

Напомена: Кредитните барања/ апликации од претходните кредитни линии Ковид1 и Ковид2 НЕ ВАЖАТ.

Доставените кредитни барања се распределуваат автоматизирано и затоа е неопходно да се почитуваат следните правила при аплицирање:
1. во Предмет (Subject) на е-маилот со кој се доставува Кредитното барање и задолжителната документација, треба да биде наведено:
    - назив на компанијата, град и правната форма, на латиница, како што е наведено во примерот: VARDAR BEROVO DOOEL;  
   - доколку кредитното барање се доставува во две или повеќе пораки, Предметот (Subject) на пораките треба да е ист како во првата порака: VARDAR BEROVO DOOEL, без дополнителни знаци и додатоци, како на пример: 1, 2, vtor del, tret del, covid3, kovid итн.

2. Прилозите не смеат да надминуваат големина од 8 MB и треба да бидат доставени во прилог како .zip или .rar формат. 
Не се препорачува достава на прилози на платформи како GoogleDrive или WeTransfer.

3. За секој испратен мејл што не надминува 8 МВ, во кој е наведена точната е-маил адреса, содржи прилози/attachments и сл., ќе добиете автоматски одговор дека е примен вашиот и-мејл со следната содржина: 
„Ова е автоматска порака од РБСМ со која Ви потврдуваме дека ја примивме Вашата порака.
Доколку Вашето барање е некомплетно, ќе Ве контактираме во процесот на формална обработка.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН ГРЕЈС ПЕРИОД И РОК НА ОТПЛАТА ЗА „КОВИД 3"                                                               ПЛАСИРАЊЕ НА 16,9 МИЛИОНИ ЕВРА КОН ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ПРЕКУ РБСМ                                                               ИНДИВИДУАЛНИ ГАРАНЦИИ од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот и без надомест за компаниите до 31.12.2022 година.                                                               ПОРТФОЛИО ГАРАНЦИИ.                                                               ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.