ОД 11.05.2022 ЗАПОЧНА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА БЕСКАМАТНАТА
КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ОБРТНИ СРЕДСТВА ЗА КОМПАНИИ
ПОГОДЕНИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА И ЕКОНОМСКАТА КРИЗА
Од 11.05.2022 година од 09:00 часот започна аплицирањето по јавниот повик што Развојна
банка на Северна Македонија АД Скопје го објави на 05.05.2022 година за новата бескаматна
кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза.
Можноста за аплицирање ќе трае 15 дена и завршува на 26. мај 2021 година во 09:00 часот.
Обработката на кредитните барања ќе биде хронолошкa како што се пристигнати
на е-маил eekriza@mbdp.com.mk, по принципот „ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН“.
Со кликнување на оваа порака во било кој дел од текстот, ќе бидете пренасочени на јавниот повик.