Развојна банка на Северна Македонија е развојна банка која е во 100%-на сопственост на Република Северна Македонија. Основана е во 1998 година со примарна цел поддршка на домашните микро, мали, средни  и извозно ориентирани трговски друштва и зацврстување на конкурентноста на македонското стопанство. Банката ги поддржува домашните компании преку: директно кредитирање и кредитирање преку комерцијалните банки, краткорочно осигурување на извозот на македонски производи и услуги од комерцијални и политички ризици, факторинг во земјата и во странство и издавање гаранции.