Директно во РБСМ се аплицира за кредит од кредитната линија за агроиндустрија и кредитната линија за општините за реализација на проекти од ИПА компонентата (условите и документацијата се наведени на ВЕБ страницата на РБСМ). За останатите кредитни линии се аплицира во некоја од деловните банки со кои РБСМ има склучено договори за учество во реализацијата на истите (условите на кредитните линии и деловните банки со кои РБСМ има склучено договори можат да се видат на ВЕБ страницата на РБСМ)
За кредитните линии што се аплицира директно во РБСМ (агроиндустрија и општини), документацијата што треба да се достави е наведена на ВЕБ страницата на РБСМ. За останатите кредитни линии документацијата што треба да се достави се договара со деловната банка каде што е поднесено кредитното барање.
Сметката е наведена во член 4 од Договорот за кредит што го има потпишано секој кредитокорисник со РБСМ и е различна за секоја ковид кредитна линија. Исто така, на ВЕБ страницата на РБСМ има линк со инструкции за плаќање за секоја Ковид кредитна линија посебно.
Ако редовно ги подмирувате обврските, износот што треба да се плати може да се види од Планот на отплата што го добива секој кредитокорисник кој склучил Договор за кредит со РБСМ. Во случај да доцните со подмирување на обврските кон РБСМ, треба да се обратите до РБСМ на е- маил: kreditiranje@mbdp.com.mk (со наведување на име на кредитокорисник, ЕМБС на друштвото-кредитокорисник, кредитна линија, број на Договор за кредит) за да може одговорниот кредитен референт да направи пресметка на казнена камата и соодветно да ве извести.
Согласно Договорот за кредит (член 6) што го има склучено секој корисник на средства од Ковид3 кредитната линија со РБСМ, аплицирањето за грант може да се направи по вратени 50% од кредитот. Секој кредитокорисник што смета дека исполнува некоја од четирите категории, може да аплицира за дел од кредитот (30%) да се претвори во грант (доколку нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските повеќе од 60 дена за износи поголеми од 3.500 денари). Апликациите, врз основа на поднесена комплетна документација, ги разгледува соодветна комисија.
Веќе достасаните фактури не можат да се осигуруваат.
Да, секоја фактура треба да се осигура последоватално.
Купувачот не мора да знае дека е осигурана фактурата.
Не може да се прави факторинг на достасани фактури. Факторинг се прави само на недостасани фактури.
Не мора на секоја фактура да се прави факторинг.
Купувачот треба директно да плаќа на сметката на РБСМ.
Гарантниот фонд нуди два типа на гаранции : индивидуални гаранции и портфолио гаранции.
Кај индивидуалните гаранции, корисници може да бидат големи трговци кои вршат извоз(односно трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30% во вкупните приходи во фискалната година која и претходи на годината во која е одобрена гаранцијата).
Кај портфолио гаранциите, корисници се банки и штедилници кои од гувернерот на НБРСМ добиле дозвола за основање и работење, и имаат потпишано Договор за портфолио гаранции со РБСМ.
Кај индивидуалните гаранции, максималниот износ на гаранција е до 50% од износот на кредитот.
Кај портфолио гаранциите, максималниот износ на гаранција е до 80% за кредити за обртни средства и до 50% за кредити за основни средства.
Со индивидуалните и портфолио гаранциите од Гарантниот фонд, се гарантира исклучиво главен долг (главница) од издадени кредити кон компаниите.
- До 15.375.000,00 ден. за мали и средни компании (согласно класификацијата во Законот за ТД).
- До 24.000.000,00 ден. за компании кои според Нациналната класификација на дејности спаѓаат во шифрите на дејности - Ц/Б преработувачка индустрија.
Износот на гаранцијата издадена од РБСМ се одредува во зависност од кредитната способност на компанијата.
Обезбедувањето е меница од компанијата со нотарски акт.
Овие гаранции се издаваат со важност до 12 месеци.
РБСМ располага со имот стекнат по основ на наплата на побарувањата и истиот е наменет за продажба.
РБСМ продава движен и недвижен имот.
РБСМ располага со имот во целосна сопственост на банката, но и со имот во сосопственост со Народна банка на РСМ и Министерството за финансии на РСМ.
Врз основа на покажан интерес од купувач за одреден имот се спроведува постапка за продажба со усно јавно наддавање.