Оглас број 3/2026 за продажба на недвижен имот по пат на усно јавно наддавање
1. Предмет на продажба:
Недвижен имот во сопственост на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје и тоа:
|
Р. бр.
|
Опис
|
површина
|
|
1
|
КП 1360, дел 0, адреса Партизански одреди 127, број на зграда 1, намена на зграда Згради во останатo стопанство, влез 1, кат ПР, број 000 |
80 м2
|
Недвижниот имот се продава како целина, не е оптоварен со хипотеки и службености, истиот е испразнет и е во владение на Банката.
|
Р. бр.
|
Опис
|
површина
|
|
1
|
КП 8678, пл 000, ск. 000, место викано Крсте Мисирков, катастарска кулутура 80000 |
56 м2
|
Почетна цена:
Недвижниот имот се продава со почетна цена од 958.496,00 денари.
4. Рок и начин на поднесување на пријавата за учество на усно јавно наддавање:
Рокот за поднесување на пријавата е заклучно до 7.9.2026 година.
Пријавата за учество на огласот број 3/2026 за продажба на недвижниот имот може да се подигне од Aрхивата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје или од веб-страницата на РБСМ, https://www.mbdp.com.mk/Upload/Editor_Upload/prijava-za-ucestvo-nedvizhen-imot-fizichki-i-pravni-lica-mk-23-06-2026.pdf.
5. Услови за учество на усното јавно наддавање:
Доказ за платена гаранција за учество на јавното наддавање.
6. Гаранција за учество на јавното наддавање:
Гаранцијата за учество на јавното наддавање изнесува 10% од почетната цена на недвижниот имот.
Гаранцијата за учество на усното јавно наддавање се плаќа на сметка 100000000035062, депонент Народна банка на Република Северна Македонија, со назнака „гаранција за учество на усно јавно наддавање“ (задолжително се наведува бројот на огласот).
На подносителите на ненавремените, непотполните и неисправните пријави и на понудувачите кои не се избрани на јавното наддавање им се враќа гаранцијата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на усното јавно наддавање, освен на понудувачот кој понудил највисока цена и на кој износот на гаранцијата му се пресметува во вкупната продажна цена.
Рок на уплата на гаранцијата за учество на јавното наддавање е најдоцна 3 дена пред денот на одржување на усното јавно наддавање.
7. Време на започнување и одржување на усното јавното наддавање:
Усното јавно наддавање ќе се одржи на 15.9.2026 година во просториите на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26, 1000 Скопје со почеток во 12:00 часот.
8. Усно јавно наддавање:
Усното јавно наддавање започнува со објавување на почетната продажна цена на недвижниот имот.
Секој понудувач пред уснотo јавно наддавање треба да поднесе доказ за уплатена гаранција за усно јавно наддавање, документ за лична идентификација, уверение за деловна способност за физички лица и заверени полномошна за претставници на правни лица.
Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој чекор за 1% од почетната цена на недвижниот имот.
Учесникот на наддавањето кој понудил највисока цена се стекнува со статус најповолен понудувач.
9. Обврска на најповолниот понудувач за уплата на средствата:
Најповолниот понудувач е должен да ги уплати средствата во рок од 30 дена од денот на одржаното усно јавно наддавање.
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, ќе се смета дека недвижниот имот не е продаден и гаранцијата за учество на јавното наддавање нема да му биде вратена на најповолниот понудувач.
Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за купопродажба на недвижнен имот.
Трошоците за преносот на сопственоста, нотарската процедура, впишување на недвижниот имот во Агенцијата за катастар за недвижности и евентуални други трошоци паѓаат на товар на најповолниот понудувач.