По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Надица Павличковска и Габриела Димитриевска се двајцата службеници од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје кои ја добија наградата за најдобри банкарски службеници за 2025 година.
Габриела Димитриевска е вработена во Развојна банка на Северна Македонија веќе 15 години во секторот за правни и општи работи. Својата работа ја извршува со целосна посветеност и професионалност. За доделувањето на наградата таа вели: „Оваа награда за мене е значајна и ми претставува задоволство бидејќи истата го одбележува признанието на мојот вложен труд, колегијалноста и тимската работа. Истовремено изразувам благодарност до Управниот одбор на Банката и колегите за изборот“.
Надица Павличковска: „Голема чест ми е што ја добивам наградата – службеник на годината. Како вработена во Развојна банка на Северна Македонија веќе 21 година во секторот за финансии, сметководство, платен промет и ликвидност, ова признание за мене е потврда дека трудот, упорноста и позитивната енергија секогаш носат резултат. Оваа награда ме мотивира да продолжам со уште поголема посветеност. Изразувам голема благодарност до колегите, а посебно до менаџерскиот тим“.