РБСМ на Конференцијата МАСИТ 2.0 Recode Reality
Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, во рамките на јубилејната 20-годишна конференција под наслов „МАСИТ 2.0 Recode Reality”, ја претстави кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација.
.jpg)
На панел дискусијата под наслов „Финансирање иновации-од идеја до реализација“, директорот на Фондот за енергетска ефикасност во РБСМ, д-р Горан Ковачев, се осврна на основните цели и задачи на РБСМ како единствена развојна банка во Република Северна Македонија, и ги презентираше производите на Банката кои им стојат на располагање на компаниите со цел, поддршка на нивниот раст и развој. Главен фокус беше ставен на кредитната линија за дигитализација и дигитална трансформација која што е една од првите од таков вид во нашата држава. Присутните беа информирани за големиот интерес за оваа кредитна линија, нејзината успешна реализација, како и условите и начинот за аплицирање.
Развојната банка и понатаму финансиски ќе ги поддржува домашните компании кои сакаат да го трансформираат своето работење во ерата на дигитализацијата и вештачката интелигенција.