Оглас број 1/2026 за продажба на движен имот – патнички моторни возила, по пат на затворени понуди
1. Предмет на продажба:
|
Возило 1)
|
Возило 2)
|
|
марка: Honda
|
марка: Honda
|
|
тип/модел: Stream 2.01
|
тип/модел: Accord 2.2
|
|
регистарски број: SK-0252 CA
|
регистарски број: SK-993 VB
|
|
број на шасија: JHMRN67501C202429 |
број на шасија: JHMCU3580CC200260
|
|
броj на мотор: 11002012
|
броj на мотор: N22B22300024
|
|
година на производство 2001 |
година на производство 2011 |
|
сила на моторот: 115 KW |
сила на моторот: 135 KW |
|
работна зафатнина на моторот: 1998 cm3 |
работна зафатнина на моторот: 2199 cm3 |
|
боја на каросерија: сива металик |
боја на каросерија: бела металик |
Возилата се продаваат во видена состојба без право на подоцнежни рекламации. За разгледување на движниот имот заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 02/3115-844.
3. Право на учество во постапката на продажба:
Сите деловно способни физички и правни лица кои извршиле уплата на гаранцијата. Право на учество немаат вработените во РБСМ и членовите на нивното потесно семејство.
- Број и датум на објавениот оглас
- Понудена цена во денари со назнака на редниот број на моторното возило за кое се однесува понудата
- Доказ за уплатена гаранција
- Име и презиме / Назив на понудувач
- Адреса и контакт телефон
- ЕМБГ за физичко лице/ ЕМБС за правно лице
- Потпис (и печат, доколку е правно лице)
6. Отворање и избор на понуда
Јавното отворање на понудите ќе се изврши на ден 20. 2.2026 година во 12.00 часот, во просториите на РБСМ, ул. Димитрие Чуповски бр. 26 Скопје.
За најповолна ќе се смета понудата со највисока понудена цена.
Продавачот го задржува правото да не прифати ниту една понуда без обврска за образложение.
7. Услови за учество во постапката за продажба:
Доказ за платена гаранција.
8. Гаранција за учество во постапката на продажба:
Гаранцијата за учество во постапката на продажба изнесува 10% од почетната цена на возилото за кое се поднесува понудата.
Гаранцијата за учество се плаќа на сметка бр. 100000000035062, депонент Народна банка на Република Северна Македонија, со назнака „Гаранција за учество во постапката за продажба.“ (задолжително се наведува бројот на огласот и возилото за кое се доставува понуда).
На подносителите на ненавремените, непотполните и неисправните пријави и на понудувачите чија понуда не е прифатена, им се враќа гаранцијата во рок од 3 работни дена од денот на одржувањето на јавното отоворање на понудите, освен на понудувачот кој понудил највисока цена на кого износот на гаранцијата му се пресметува во вкупната продажна цена.
Рок на уплата на гаранцијата за учество во постапката на продажба е најдоцна 1 ден пред денот на одржување на јавното отворање на понудите.
9.Обврска на најповолниот понудувач за уплата на средствата:
Најповолниот понудувач е должен да ги уплати средствата во рок од 5 дена од денот на одржаното јавно отворање на понудите.
Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во определениот рок, ќе се смета дека движниот имот не е продаден и гаранцијата за учество во постапката на продажба нема да му биде вратена на најповолниот понудувач.
Најповолниот понудувач се обврзува да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за купопродажба на движен имот.
Трошоците за преносот на сопственоста, нотарската процедура и евентуални други трошоци паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД Скопје