Цел на портфолио гаранцијата:

Поддршка на микро, малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија, со цел во услови на економска и здравствена криза полесно да дојдат до неопходните финансиски средства за нивно функционирање.


Намена:

 Преку банките и штедилниците да се поддржи приватниот сектор, преку обезбедување на дел од колатералот за издадените кредити.


Извори на средствата

Портфолио гаранциите се дел од Гарантниот фонд формиран од Буџетот на Република Северна Македонија, во износ од 15 милиони евра. 


Корисници на портфолио гаранцијата:

 Банки и штедилници кои од гувернерот на НБРСМ добиле дозвола за основање и работење.


Услови на портфолио гаранцијата:


Услови кои треба да ги исполни компанијата корисник на кредит обезбеден со портфолио гаранција
  • да е микро, мал и среден трговец,
  • да е со седиште во Република Северна Македонија,
  • да е најмалку 51% во приватна сопственост,
  • да е класифициран во категорија А на ризичност или да немаат обврски кон банките согласно податоците од кредитниот регистар на Народната банка на Република  Северна Македонија и
  • да не е со основна дејност во тековната состојба лизинг,  финансиски услуги, игри на среќа и производство на тутун,  дрога и други опојни средства, производство и дистрибуција  на оружје или воена опрема и трговија со недвижности.
Услови кои треба да ги исполни кредитот обезбеден со портфолио гаранција
  • минималниот износ на кредитот по кој се гарантира да е 300.000 денари, додека максималниот износ на кредитот по кој се гарантира не може да надмине износ од 30.750.000 денари,
  • минималниот рок на отплата на кредитот треба да е 1 година, максималниот рок на отплата треба да е 8 години за кредит за основни средства со можност за вклучен грејс период до 1 година и 3 години за кредит за обртни средства со можност за вклучен грејс период до 1 година,
  • кредитот не треба да е наменет за набавка на основни средства и обртен капитал за проекти кои: се наменети за производство и дистрибуција на оружје и воена опрема, се наменети за производство на тутун и тутунски производи, дрога и други опојни средства, вклучуваат експерименти врз живи животни, ја загадуваат животната средина и природа, се поврзани со трговија со недвижности, се поврзани со игрите на среќа и се поврзани со финансиски активности,
  • кредитот да не е финансиран со средства од РБСМ,
  • кредитот треба да има точно утврдена динамика на отплата согласно амортизационен план,
  • кредитот да не биде наменет за отплата на побарувања кон банки и штедилници, финансиски друштва и даватели на финансиски лизинг,
  • кредитот мора да биде финансиран од капиталот на банката или штедилницата или со средства стекнати на пазарна основа,
  • кредитот не смее да биде финансиран од субвенционирани заеми добиени од државни извори, меѓународни агенции или непрофитни институции и - кредитот не смее да е одобрен за реструктуирање на постојни побарувања на банката, отплата нa постојни кредити и откуп на постоен кредит.
Останати услови
  • банката или штедилницата не може да одобри поголема изложеност од 25% од лимитот на изложеност одобрен на банката или штедилницата по основ на гаранција од Гарантниот фонд кон ист трговец и со него поврзани лица.
Максимален % на гарантирање кај портфолио гаранциите
  • до 80% од кредитите за обртни средства и
  • до 50% од кредитите за основни средства.
 

Вкупниот апсолутен износ за исплата од гарантниот фонд не може да надмине 30% од гарантираното портфолио по банка односно штедилница.

Кој го поднесува барањето за гаранција до РБСМ

Банки и штедилници

Што се гарантира со гаранциите од Гарантниот фонд

Главен долг (главница)

Контакт со Секторот за кредитирање и гаранции:

Тел.: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 255, 169.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА

кредитирање: 047/207-522
централа: 047/207-500
contact@stbbt.com.mk
https://www.stbbt.mk/

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk

УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3286-025
централа: 02/3286-100
info@unibank.com.mk
https://www.unibank.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk

КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3102-500
централа: 02/3102-500
info@capitalbank.com.mk
https://www.capitalbank.com.mk/

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3168-504
централа: 02/3168-168
contact@kb.com.mk
https://kb.com.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/510-638
централа: 02/15-600
info@nlb.mk
https://nlb.mk/

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk