Цел на индивидуалната гаранција:

Поддршка на големите трговци кои вршат извоз, со цел во услови на економска и здравствена криза полесно да дојдат до неопходните финансиски средства за нивно функционирање.


Намена:

Поддршка на крајните корисници: големи трговци кои вршат извоз, преку обезбедување на дел од колатералот за издадените кредити.


Извори на средствата

Индивидуалните гаранции се дел од Гарантниот фонд формиран од Буџетот на Република Северна Македонија, во износ од 15 милиони евра.


Корисници на индивидуалната гаранција:

Големи трговци кои вршат извоз (трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30% во вкупните остварени приходи во фискалната година која и претходи на годината во која е одобрена гаранцијата).


Услови на индивидуалната гаранција:


Услови кои треба да ги исполни големиот трговец кој врши извоз за издавање на индивидуални гаранции од Гарантен фонд
  • да е класифициран во категорија А на ризичност или да нема обврски кон банките, согласно податоците од кредитниот регистар на Народната банка на Република Северна Македонија, - да има одобрен кредитен лимит за осигурување за странскиот купувач и склучена полиса за осигурување од комерцијални ризици кај РБСМ,
  • показателот за степенот на финансиска задолженост да е помал од 3 (сооднос меѓу вкупните обврски по заеми и кредити и главницата резервите). Показателот се пресметува на база на податоци од биланс на состојба од последната фискална година,
  • показателот за степен на задолженост да е помал од 6 (сооднос меѓу вкупните обврски и главницата и резервите). Показателот се пресметува на база на податоци од биланс на состојба од последната фискална година,
  • показателот за тековна ликвидност да е најмалку 0,7 (сооднос меѓу тековните средства и краткорочни обврски). Показателот се пресметува на база на податоци од биланс на состојба од последната фискална година,
  • показателот за брза ликвидност да е најмалку 0,35 (сооднос меѓу тековните средства намалени за залихите и краткорочните обврски). Показателот се пресметува на база на податоци од биланс на состојба од последната фискална година,
  • да има главница и резерви наведени во билансот на состојба во финансиските извештаи за последната фискална година во висина не помала од 33% од износот на бараниот кредит,
  • во последната фискална година да има остварено позитивен финансиски резултат во билансот на успех и
  • да нема неплатени обврски кон државата (даноци и придонеси), согласно уверение за платени даноци и придонеси издадено од Управата за јавни приходи, не постаро од три месеци од денот на поднесување на барањето за издавање на гаранција.
Услови кои се однесуваат на кредитот обезбеден со индивидуална гаранција
  • минималниот износ на одобрениот кредит да не е под 3.075.000 денари, а максималниот износ на одобрениот кредит да не е над 30.000.000 денари, при што износот на гаранцијата може да биде максимум до 15 % од вкупните приходи на трговското друштво во последната фискална година.
  • кредитот не треба да е наменет за набавка на основни средства и обртен капитал за проекти кои: се наменети за производство и дистрибуција на оружје и воена опрема, се наменети за производство на тутун и тутунски производи, дрога и други опојни средства, вклучуваат експерименти врз живи животни, ја загадуваат животната средина и природа, се поврзани со трговија со недвижности, се поврзани со игрите на среќа и се поврзани со финансиски активности.
  • да има обезбедување меница со извршна клаузула авалирана од сопствениците кои располагаат со најмалку 5% од основната главница на корисникот на гаранција со менична изјава, во која се уредени правата и обврските по основ на меницата во форма на извршна исправа и винкулирана полиса за осигурување од комерцијални ризици.
Максимален % на гарантирање по индивидуална гаранција

 До 50% од кредитите.

Кој го поднесува барањето за гаранција до РБСМ

Голем трговец кој врши извоз

Што се гарантира со гаранциите од Гарантниот фонд

Главен долг (главница)

Контакт со Секторот за кредитирање и гаранции:

Тел.: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 255, 169.