Цел на грант компонентата:

Поддршка на компаниите од најпогодените сектори од Ковид-19 пандемијата (туризам, занаетчии, угостителство, транспорт, индустријата за организација на настани и др.)


Намена на грант компонентата:

Финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста на компаниите погодени од Ковид-19 пандемијата.


Извори на средствата:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија.


Квалификувани корисници на грант компонентата:

Компании кои се корисници на Ковид 4 бескаматната кредитна линија.


Услови за аплицирање за грант:

Сите компании на кои ќе им биде одобрено користење на бескаматен кредит од Ковид4, се стекнуваат со право да поднесат барање за користење на грант компонента (отпуштање на долг во вкупен износ од 50% од износот на кредитот), доколку:
- Подмирил најмалку 40% од обврските по основ на кредитот и
- Нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на овој кредит подолго од 30 дена и нема извршено предвремена отплата на кредитот.
- За користење на грант-компонентата, кредитокорисникот треба да поднесе барање за отпуштање на долг до РБСМ.

Основи по кои може да се побара грант компонента:

1. категорија
Бројот на луѓе во 2021 година во однос на 2020 година е зголемен за 5,0% (сите документи од МПИН за декември 2021 и 2020, при поднесување на барањето за грант при што кредитокорисникот има право да бара грант од 20%
2. категорија
Вкупните приходи за 2021 година се зголемуваат повисоко за 10,0% споредено со приходите во 2020 година (се сите податоци од билансот на успех за 2021 и 2020 година, АОП 201 при што кредитокорисникот има право да побара грант од 30%
3. категорија
За кредитокорисниците кои ги активните1 и Категорија и Категорија 2, може да бара грант од 50% (се доставуваат документите и се применуваат постапките наведени во Категорија 1 и Категорија 2 заедно) од 50% во финансиските извештаи за последната финална година.

Исполнетост на критериумите за користење на грант компонентата ќе се оценува во моментот на поднесување на барањето за одобрување грант компонента (отпуштање долг) на следниот начин:


Формулари за грант:


Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.