Кредитна линија од компензациските фондови за поддршка на откупот на земјоделски производи (оризова арпа и грозје од сортата вранец) е воведена со цел обезбедување на дополнителни поволни ликвидни средства за откуп на земјоделски производи и навремена исплата на истите кон земјоделците. Кредитните средства се пласираат кон крајните корисници со каматна стапка од 1% фиксна годишно.
Обезбедување на дополнителни поволни ликвидни средства со цел поддршка на откупот на земјоделски производи (откуп на оризова арпа и грозје од сортата вранец).
Средствата од фондовите ќе се користат за одобрување кредити за откуп на земјоделски производи од примарни земјоделски производители регистрирани во Единствен регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои не се поврзани со кредитокорисникот согласно изјавата за поврзаност со други правни/физички лица и тоа за откуп на оризова арпа и црвена сорта на винско грозје – вранец.
Претпријатија запишани во Регистaрот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ.
| Износ по проект: |
Кредитобарателите и со него поврзаните лица наведени во изјавата за поврзани лица не може да користат кумулативно повеќе од максимално предвидениот износ на кредит. |
| Рокови: |
|
| Валута: |
Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари. |
| Каматна стапка за крајните корисници: |
1% годишно фиксна каматна стапка |
| Начин на отплата: |
Квартална отплата. |
| Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполенти: |
Основни критериуми кои треба да бидат исполнети:
При проверка на исполнетоста на критериумите не се зема предвид изложеноста и билансите на поврзаните субјекти. |
| Искористување на средствата од кредитот: |
Кредитокорисникот (откупувач на оризова арпа) треба средствата од кредитот да ги искористи за откуп на оризова арпа во рок од 30 дена од денот на приемот на средствата, Кредитокорисникот (откупувачот на црвена сорта на винско гројзе - вранец) на производителот на грозје може износот за откупеното винско грозје да му го исплати во целост во рок од седум дена од денот на приемот, односно предавањето на винското грозје на откупувачот или исплатата на износот за откупеното винско грозје на секој производител на винско грозје да ја изврши на три рати, од кои првата рата во висина од најмалку 20% најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата во висина од најмалку 40% најдоцна до 15 февруари наредната година од годината кога е извршен откупот и третата рата со останатиот износ најдоцна до 30 април наредната година од годината кога е извршен откупот, за што кредитокорисникот доставува соодветна документација. Во рок од 15 дена од денот на откупот кредитокорисникот треба да достави до РБСМ доказ за наменско користење на кредитните средства. |
| Рефинансирање: |
Предмет на кредитирање или рефинансирање може да бидат и неисплатени откупи и/или исплатени откупи направени во рок од 60 дена пред поднесувањето на барањето за кредит во РБСМ. |
| Обезбедување од крајните корисници: |
Како обезбедување кон договорот за кредит потребно е кредитокорисникот да приложи:
(Процената на недвижниот имот предмет на обезбедување се врши само при воспоставување на обезбедувањето, од страна на овластен проценувач и е на товар на кредитокорисникот)
Кредитобарателите кои аплицираат за кредит со намена за откуп на црвена сорта на винско грозје – вранец доколку немаат неоптоварен недвижен имот со проценета вредност во износ доволен за обезбедување на побарувањето или воопшто не располагаат со неоптоварен недвижен имот, како обезбедување на договорот за кредит можат да приложат:
Кога како обезбедување на договорот за кредитот се нуди залиха на готов производ вино, кредитобарателот, од Агенција за катастар на недвижности, треба да обезбеди „Уверение дека лицето не е запишано како носител на право во катастарот на недвижностите“ (Потврда има/нема имот) и имотни листови не постари од 15 дена за сите имоти наведени во потврдата. За воспоставување на регистриран залог на залиха на готов производ вино се прави проценка од страна на овластено лице проценител со лиценца од областа на земјоделство. Процената треба да содржи идентификација на заложениот предмет (локација на чување; идентификација по серија/партија; формат и количина на партија; единствен идентификациски код; фотографска документација; решение за ставање на виното во промет издадено од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; основни хемиски параметри во моментот на процена - % на алхохол, вкупна киселост, содржина на сулфати, и слично; датум на анализа и назив на лабораторија, акредитирано тело кое ја извршило процена; пазарна вредност по единица и вкупна вредност на целата заложена количина со наведена методологија за процена и споредбени податоци врз кои е базирана процената). Мониторингот и обврската за одржување на квалитетот и квантитетот на заложениот предмет согласно процената е обврска на залогодавачот. Кредитокорисникот има обврска предметот за обезбедување да го осигура од сите ризици и да ја винкулира полисата во корист на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. |
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државен инспекторат за земјоделство е должен на редовна основа, најмалку на шест месеци, да врши контрола на заложеното вино согласно воспоставен и регистриран залог на залиха на готов производ вино. За виното дадено под залог потребно е да е издадено решение за ставање на виното во промет, да е обележано во посебни садови и производителот на вино, на секои 3 месеци од денот на одобрување на кредитот, да доставува до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - Државниот инспекторат за земјоделство, извештаи за финансиските средства остварени од продажба на истото.
Целокупната документација за кредитот се поднесува до РБСМ (преку архивата на Банката или преку електронска пошта):
|
Вид на производ
(оризова арпа/грозје-вранец)
|
Единечна мерка
|
Количина
(откупена и/или планирана) |
Цена во МКД
по еднинечна мерка |
Вкупно во МКД
|
Кредитната линија се реализира директно преку Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
При обработката на барањата ќе се применува принципот прв дојден прв услужен.
Банката ќе ги прима барањата електронски (за барањата потпишани со квалификуван е-потпис) или во архивата на Развојна банка на Северна Македонија.
Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 122, 124, 125.
e-mail: kreditiranje@mbdp.com.mk