Цел на кредитната линија:

Целта на кредитната линија е финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва во Република Северна Македонија.


Намена на кредитната линија:

Кредитите од оваа кредитна линија, пласирани преку банки учеснички, се наменети за финансирање на инвестиции во основни средства на приватните трговски друштва.


Извори на средствата:

Средства се обезбедени од Буџетот на РСМ во износ од 250.000.000 евра во денарска противвредност преку Договор за задолжување.


Квалификувани кредитобаратели:

Корисници на кредитот се приватни трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија (исклучок се странските директни инвеститори кои се активни корисници на државна помош, а се докажува со изјава од страна на крајниот корисник, заверена на нотар).



Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:
  • Максимум до 615.000.000 денари, при што се зема во предвид изложеноста кон поврзани лица.
Рок на отплата:
  • Mаксимум до 15 години, но не подоцна од 12.01.2040 година.
Вклучен грејс период:
  • До 3 години
Каматна стапка за крајните корисници:
  • 1,95% годишна, фиксна.
Квалификувани кредитобаратели:
  • Приватни трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија.
    (Исклучок се странските директни инвеститори кои се активни корисници на државна помош, а се докажува со изјава од страна на крајниот корисник, заверена на нотар).
Задолжителни критериуми за крајните корисници
  • Износот на кредитот од РБСМ може да достигне до 80% од износот на инвестицијата, додека крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20% од вредноста на инвестицијата.

Задолжителна документација:

  • Согласно кредитните политики и процедури на банките-учеснички и условите утврдени во Рамковниот договор.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.