Средствата од кредитите се одобруваат за поддршка на микро, малите и средни претпријатија за обртни средства.
Финансирање на обртни средства кај микро, мали и средни претпријатија (ММСП согласно дефиницијата на ЕУ) и тоа: набавка на репроматеријали, стоки и услуги, плаќање на кирии и слични трошоци неопходни за спроведување на економските активности, плати и останати трошоци за вработените, како и плаќање на ДДВ и даноци кои се неповратни.
Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) во износ од 50 000 000 евра.
(До 30% од кредитниот потенцијал на кредитната линија)
Како потенцијални корисници можат да се јават микро, мали и средни претпријатија (ММСП согласно дефиницијата на ЕУ) кои се регистрирани во Р. Северна Македонија.
| Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници: |
Минимум: 5 000 ЕУР |
| Рок на отплата: |
Минимум 18 месеци и максимум 36 месеци. |
| Вклучен грејс период: |
Нема грејс период. |
| Каматна стапка за крајните корисници: |
Се утврдува при повлекување на средствата/траншата од ЦЕБ. |
| Начин на отплата: |
Квартална отплата. |
| Учество на ЦЕБ кредитната линија во поддршка на проектот: |
До 70%. |
| Исплата и наплата кон БУ: |
Во девизи (ЕУР). |
| Забрани и исклучувања: |
|
Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.
e-mail: kreditiranje@mbdp.com.mk