Производи

Портфолио гаранции

 

Корисници на
портфолио гаранции

   Банки и штедилници кои од гувернерот на НБРСМ
   добиле дозвола за основање и работење

Услови кои треба да ги исполни
компанијата корисник на кредит
обезбеден со портфолио гаранција

   - да е микро, мал и среден трговец,
   - да е со седиште во Република Северна Македонија,
   - да е најмалку 51% во приватна сопственост,
   - да е класифициран во категорија А на ризичност или
     да немаат обврски кон банките согласно податоците
     од кредитниот регистар на Народната банка на
     Република Северна Македонија и
   - да не е со основна дејност во тековната состојба
     лизинг, финансиски услуги, игри на среќа и
     производство на тутун, дрога и други опојни
     средства, производство и дистрибуција на оружје
     или воена опрема и трговија со недвижности.

Услови кои треба да ги исполни
кредитот обезбеден со
портфолио гаранција

   - минималниот износ на кредитот по кој се гарантира
     да е 300.000 денари, додека максималниот износ на
     кредитот по кој се гарантира не може да надмине
     износ од 30.750.000 денари,
   - минималниот рок на отплата на кредитот треба да е
     1 година, максималниот рок на отплата треба да е 8
     години за кредит за основни средства со можност за
     вклучен грејс период до 1 година и 3 години за
     кредит за обртни средства со можност за вклучен
     грејс период до 1 година,
   - кредитот не треба да е наменет за набавка на
     основни средства и обртен капитал за проекти кои:
     се наменети за производство и дистрибуција на
     оружје и воена опрема, се наменети за производство
     на тутун и тутунски производи, дрога и други опојни
     средства, вклучуваат експерименти врз живи
     животни, ја загадуваат животната средина и
     природа, се поврзани со трговија со недвижности, се
     поврзани со игрите на среќа и се поврзани со
     финансиски активности,
   - кредитот да не е финансиран со средства од РБСМ,
   - кредитот треба да има точно утврдена динамика на
     отплата согласно амортизационен план,
   - к
редитот да не биде наменет за отплата на
     побарувања кон банки и штедилници, финансиски
     друштва и даватели на финансиски лизинг,
   - 
кредитот мора да биде финансиран од капиталот на
     банката или штедилницата или со средства стекнати
     на пазарна основа,
   - 
кредитот не смее да биде финансиран од
     субвенционирани заеми добиени од државни извори,
     меѓународни агенции или непрофитни институции и
   - 
кредитот не смее да е одобрен за реструктуирање на
     постојни побарувања на банката, отплата на
     постојни кредити и откуп на постоен кредит.

Максимален % на гарантирање
кај портфолио гаранциите

   - до 80% од кредитите за обртни средства и
   - 
до 50% од кредитите за инвестиции.

    се гарантира само главен долг (главница)

Кој го поднесува барањето
за гаранција до РБСМ

     Банки и штедилници

07.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА „КОВИД 4“.                                                                                                                             01.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА.                                                                                              ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.