РБСМ кредитира:
- мали и средни претпријатија, регистрирани во РСМ, преку комерцијалните банки т.е. банки учеснички,
- извозни претпријатија, регистрирани во РСМ, преку комерцијалните банки т.е. банки учеснички или директно преку РБСМ,
- општини во РСМ.
Во постапката за добивање на кредит, претпријатијата аплицираат во една од банките учеснички, а извозните компании можат и директно во РБСМ. Времетраењето на постапката од поднесувањето на комплетната документација во банката учесник или во РБСМ, до одобрување на кредитот, трае не повеќе од еден месец.
Видови на кредити:
- кредит за поддршка на извозот - обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
- кредит за мали и средни претпријатија - трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, РБСМ, ЕИБ, ЕИБ-револвинг;
- кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата - примарно производство, преработка и извоз - преку комерцијалните банки или директно преку РБСМ;
- кредит за микро компании - микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти;
- кредит за енергетика - енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
- кредит за намалување на невработеноста - создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање
- кредит со гарантна шема- микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки;
- кредити за сместувачки капацитети - микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ, за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од три ѕвезди;
- кредити за старечки домови и градинки - микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ, за изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки;
- кредити за финансирање на општини во РСМ - за реализација на проекти од ИПА компонента за прекугранична соработка;
- бескаматни кредити за намалување на влијанието на COVID-19 во економијата - микро, мали и средни трговски друштва.