Производи

РБСМ ги нуди следните финансиски производи:

 
1. КРЕДИТИРАЊЕ
  • кредит за поддршка на извозот - обртни средства за подготовка на производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
  • кредит за мали и средни претпријатија - трајни обртни средства и инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, РБСМ, ЕИБ, ЕИБ-револвинг;
  • кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата - примарно производство, преработка и извоз - преку комерцијалните банки или директно преку РБСМ;
  • кредит за микро компании - микро и мали трговски друштва, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други микро и мали стопански субјекти;
  • кредит за енергетика - енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија;
  • кредит за намалување на невработеноста - создавање и одржување на работни места и самовработување со кредитирање;
  • кредит со гарантна шема - микро, мали и средни трговски друштва кои немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки;
  • кредит за сместувачки капацитети - инвестиции за микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ за купување, изградба и адаптација на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард не поголем од три ѕвезди;
  • кредит за старечки домови и градинки - микро, мали и средни претпријатија со седиште во РСМ за изградба и опремување на установи за стари лица и детски градинки;
  • кредит за општините во РСМ - за реализација на проекти од ИПА компонента за прекугранична соработка;
  • бескаматни кредити за намалување на влијанието на COVID-19 во економијата - микро, мали и средни трговски друштва.
 
2. КРЕДИТНО ОСИГУРУВАЊЕ на:
  • домашни побарувања (пред и по испорака) и
  • извозни побарувања (пред и по испорака)

од комерцијални и политички ризици.

3. ФАКТОРИНГ - е најнов производ кој е единствен на финансискиот пазар во РСМ. Претставува услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.


4. ГАРАНЦИИ 

  • портфолио гаранции
  • индивидуални гаранции и
  • царински гаранции - гаранции за царински долг при увоз за облагородување.
07.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА „КОВИД 4“.                                                                                                                             01.07.2021, ЈАВЕН ПОВИК ЗА НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ТРГОВСКИ РАДИОДИФУЗНИ ДРУШТВА.                                                                                              ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.