Вести

Вкупно досега се одобрени 1.276 кредитни барања  во износ од 14,7 милиони евра кои вработуваат 9.450 лица


РБСМ, 20.01.2021 - Нова, втора група од 770 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.
Втората група кредитни барања е на износ од 8,8 милиони евра за 770 компании кои вработуваат вкупно 5.898 лица.

Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милиони евра, се одобрени 1.276 кредитни барања на вкупен износ од 14,7 милиони евра, а кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7-ми декември 2020 год. Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 715 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 475 барања се од микро компании, 67 кредитни барања се од трговци-поединци и 19 кредитни барања се од занаетчии.


Најголем дел од одобрените 1.276 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 32%, а по него следи Полошкиот регион со 16%, Југозападниот регион со 13% и Југоисточниот регион со 11%. Источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат следни со 9 отсто од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Во следните денови, службите на банката ќе достават известување по пат на е-маил порака до адресата на компаниите од тековната состојба за да ги информираат компаниите чии кредитни барања се одобрени.

РБСМ, 14.01.2021

Развојна банка на Северна Македонија ги известува корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), „Ковид1“ дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката на следниот линк.

Одобрени се 5,9 милиони евра, за 506 компании, кои вработуваат 3,552 лица


  

РБСМ, 12.01.2021 - Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје,  започна со одобрување на кредитни барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

Одобрени се вкупно 5,9 милиони евра во првата група кредитни барања кои ги исполнуваат условите од јавниот повик, или кредитни барања на 506 компании со вкупно 3,552 вработени.

Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од  микро компании и 9 кредитни барања се од трговци- поединци.

Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 37%, а по него следи Полошкиот регион со 17% и југоисточниот  регион со 14%. Од југозападниот, источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и североисточниот регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања во првата група.
 
Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор.

РБСМ, 31.12.2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Јавниот повик бр.1 од Фондот за микро и мали претпријатија за поднесување на барања за кредит, за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид-3) објавен на 7 декември 2020 година, е затворен.

Јавниот повик беше отворен на 16 декември 2020, од 00:01 часот, и траеше до 30 декември 2020 година, до 23:59 часот, со што заврши поднесувањето на кредитните барања до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Со претходни податоци за интересот за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, ќе излеземе во следните денови.

Страница 1 од 35