Вести

Известување за завршен Јавен повик за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента - Ковид 3

РБСМ, 31.12.2020

Почитувани,

Ве известуваме дека Јавниот повик бр.1 од Фондот за микро и мали претпријатија за поднесување на барања за кредит, за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид-19 (Ковид-3) објавен на 7 декември 2020 година, е затворен.

Јавниот повик беше отворен на 16 декември 2020, од 00:01 часот, и траеше до 30 декември 2020 година, до 23:59 часот, со што заврши поднесувањето на кредитните барања до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Со претходни податоци за интересот за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, ќе излеземе во следните денови.