Вести

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН ГРЕЈС ПЕРИОД И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОК НА ОТПЛАТА (КОВИД-3)

Скопје, 02.12.2021

Почитувани,

Во согласност со Договорот за администрирање на фонд за микро и мали претпријатијја склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) архивиран под бр.10-7500/2 од 12.11.2020 година и Анекс кон договор за администрирање на фонд за микро и мали претпријатија, архивиран под бр.26-8774/2 од 26.11.2021 година, РБСМ го објавува овој  јавен повик, со кој се нуди можност за кредитокорисниците на кредити од третата безкаматна кредитна линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид3), да поднесат барање за утврдување на дополнителен грејс-период од 12 месеци и соодветно продолжување на рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.

Со оглед на погоре наведеното, Ве повикуваме во рок од 10 дена од денот на објавувањето на овoj Јавен повик, да поднесете барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на „Ковид3“ кредитната линија на следната веб форма.

Како услов за одобрување на барање за дополнително утврдување на грејс период и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3).

Поднесеното барање за дополнителен рок и грејс период не го елиминира правото во иднина да поднесете барање за отпуштање  на долгот од 30% од износот на кредитот, согласно утврдените критериуми наведени во договорот за кредит.

Повикот важи заклучно со 11.12.2021 година кога е последниот ден за поднесување на барањата.

Барањето во Прилог 1 треба да ги содржи основните податоци за субјектот корисник на кредит: име на компанијата-кредитокорисник, матичен број на компанијата, број и датум на склучување на договорот.  Истото треба да биде потпишано од овластено лице со печат од субјектот корисник на кредит и во скенирана форма (.pdf или слика) треба да биде прикачено на веб формата за доставување на барањето до РБСМ.

Барањето се скенира и се зачувува со следниот назив: број на договор назив на фирма и место (пр. 1745 ФИРМА ДООЕЛ Скопје) и се прикачува како фајл на следната веб форма.

За одобрените барања за дополнително утврдување на дополнителен грејс период од 12 месеци и соодветно продолжување на рокот на отплата на кредитот, кредитокорисниците ќе бидат известени од страна на РБСМ на нивниот е-маил запишан во тековната состојба, при што ќе им биде доставен за потпишување и Анексот кон договорот за кредит. 

Линкови: 
- Барање за дополнителен грејс период и рок на отплата на кредит одобрен од „Ковид3“
-
Веб-форма на која се прикачува Барањето

За сите прашања обратете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

 

Прилог 1 - Барање за дополнителен грејс период и рок на отплата на кредит одобрен од „Ковид3“ 

 Прилог 1

До
Развојна банка на Северна Македонија
Сектор за кредитирање и гаранции
Ул. Димитрие Чуповски бр. 26
1000, Скопје

  

БАРАЊЕ
за дополнителен грејс-период и рок на отплата на кредит
одобрен од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид3) кредитната линија

 

 
Од кредитокорисник ____________________________________________________  (име на компанијата во формат: ИМЕ НА ФИРМА ДОО/ДООЕЛ/ТП, град), со ЕМБС_________ (матичен број на субјектот), корисник на бескаматен кредит од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид3) кредитната линија, со број на договор ФММП/ДИР/0/_______   од датум _________________.

Согласно дадената можност во јавниот повик објавен на веб страницата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, бараме да ни се одобрат дополнителни 12 (дванаесет) месеци грејс-период на недоспеаната главница и да се продолжи за истиот период рокот на отплата на кредитот по основ на недоспеана главница.

Изјавуваме дека немаме доспеана неплатена главница и камата по овој кредит.

 
Со почит,

                                                                                                                     

                                                                                                  (печат)                             

                                                                                                                                               Управител/Овластено лице     

                                                                                             

                                                                                                                                                         с .р. потпис
                                                                                              

                                                                                                            телефон за контакт: ________________
                                                                                                            е-маил адреса:  ____________________

 

Барањето се пополнува, потпишува и печатира.
Барањето се прикачува во скенирана форма (.pdf или слика) на следната веб форма.
За сите прашања обратете се на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  

Упатство за плаќање на обврски по „КОВИД 3“ кредитна линија
 
 Барање за дополнителен грејс период и рок на отплата за КОВИД-3
 
Упатство за пополнување и поднесување на Барањето за дополнителен грејс период и рок на отплата за КОВИД-3 до РБСМ
 
Јавен повик за дополнителен грејс период и продолжување на рок на отплата за КОВИД-3
 
 
Контакт-кредитирање
 
Линкови