Вести

>>Вести

06.12.2010 - Повлечена е шестата транша од кредитната линија од ЕИБ во износ од 18,8 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 63 проекти со пресметковна вредност од 26,4 милиони ЕУР. Од оваа транша, 68,5% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 5 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 63 проекти се очекува да се отворат нови 294 работни места .
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид, Прокредит банка ад Скопје и Шпаркасе банка Македонија ад Скопје .
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша за проиритетни проекти, како и транша за кредитирање на МСП од кредитната линија од ЕИБ.

>>Вести

Најдобра мала банка во Македонија за 2010

24.09.2010 - Реномираниот лондонски магазин Finance Central Europe во текот на месец септември 2010 година ги објави резултатите од рангирањата на банките во Македонија според кои Македонска банка за поддршка на развојот е прогласена за Најдобра мала банка во Македонија за 2010 година.

>>Вести

01.07.2010 - Земјоделски кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ кредитна линија) - Согласно одлуката на Владата на Република Македонија, почнувајќи од 01.07.2010 Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје го презема администрирањето на ЗКДФ кредитната линија, што е регулирано со посебен Договор склучен помеѓу МБПР и Министерството за финансии.
ЗКДФ кредитната линија е наменета за кредитирање на примарни земјоделски производители и мали и средни претпријатија кои вршат преработка или извоз на земјоделски производи и претставува значаен инструмент на Владата на РМ во насока на надминување на проблемите на агро-индустрискиот комплекс во обезбедувањето на финансиски средства за своите инвестиции.
Кредитирањето се врши преку вклучени деловни банки и штедилници.

Страница 29 од 29